Соопштенија

ИНФОРМАТИВЕН КАРАВАН НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОШТИ „АП ПОБЛИСКУ ДО КОРИСНИЦИТЕ НА ПОШТЕНСКИТЕ УСЛУГИ“

27.03.2024
Стремејќи се да ја доближи работата на давателите на поштенските услуги пред пошироката јавност, како и да ја подигне јавната свест за начинот на користење на правата на корисниците на поштенските услуги, Агенцијата за пошти во соработка со Канцеларијата на Народниот Правобранител, на 28-ми и 29-ти март 2024 година, ќе го спроведе својот прв информативен караван „АП ПОБЛИСКУ ДО КОРИСНИЦИТЕ НА ПОШТЕНСКИТЕ  УСЛУГИ“.

Директорот Миладиноски за „Слободен печат“: Државната пошта работи по застарен метод и со опрема каква што веќе нема никаде

22.03.2024
Поштенскиот кадар, а особено доставувачите и другите директно вклучени во технолошките процеси, работат по исклучително застарен метод и со опрема за работа што одамна веќе никаде ја нема, речиси и без употреба на ИТ-технологија, а АД Пошта на Северна Македонија со години не успева да најде начин да ги мотивира вработените, кои масовно ја напуштаат работата, алармира Миладиноски.

Доделени награди за најдобрите во македонската е-трговија за 2023 година

22.03.2024
ec
На 14.03.2023 година во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ, се одржа свечена манифестација за доделување на македонските награди за е-трговија за 2023 година “E-commerce Awards”. Манифестацијата се одржа во присуство на членките на АЕТМ, поддржувачите и партнерите, жири комисијата и наградените е-трговци, а целиот настан изобилуваше со богата програма составена од домашни уметници.

Билатерална работилница

15.03.2024
cefta
На 12 март 2024 година во Скопје, во организација на ГИЗ - Отворен регионален фонд за Југоисточна Европа - надворешна трговија и учесници на ЦЕФТА ( Централно европски договор за слободна трговија), се одржа Билатерална работилница на тема: Техничка помош за регулаторни и не нерегулаторни мерки за подобрување на прекугранична достава на пакети во Република Северна Македонија.

Директорот Миладиноски со интервју за бизнис магазинот „Економија и бизнис“

04.03.2024
Директорот на Агенцијата за пошти со ексклузивно интервју за бизнис магазинот „Економија и бизнис“ - Граѓаните прво да рекламираат кај поштенските оператори, па потоа во Агенцијата! Македонските граѓани и фирми во изминатиот период искажуваат незадоволство од квалитетот на услугите на домашните поштенски оператори. Според наши сознанија, реакциите од  граѓаните и од фирмите се однесуваат на  ненавремената достава на писма и пратки. Има случаи кога писмо, друг документ или фактура од Скопје за Скопје да патува повеќе од еден месец! Граѓаните реагираат и на „брзината“ на испораката на пратки од странство. Некои од граѓаните се уште ги чекаат производите кои биле порачани пред новогодишните празници. За тоа како да се заштитат правата на корисниците на поштенски услуги, разговаравме со Сретен Миладиноски, директорот на Агенцијата за пошти на Македонија и доктор по Економски науки од Скопје, кој е избран на оваа функција на 16 јануари 2024 година. Во екслузивното интервју за Економија и бизнис разговаравме и за други прашања поврзани со подобрување на поштенскиот сообраќај во Македонија.

Одржан инаугуративниот состанок на Работната група за регулаторна рамка за поштенски услуги во состав на ЕРГП - Европска група на поштенски регулатори

04.03.2024
04.03.2024
Во Мадрид на 20 и 21.02.2024 година, со инаугуративен состанок на Работната група за регулаторна рамка за поштенски услуги во состав на  Европска  група на поштенски регулатори- ЕРГП (European Regulators Group of Postal Services – Regulatory Framework Working Group) за 2024 година, кој се одржа во седиштето на надлежното регулаторно тело од Шпанија, Националната Комисија за Пазар и Конкуренција -CNMC (Comisión Nacional de los Mercados y la Competencia) се означи значајна пресвртница во напорите кон содавање основи за идна регулаторна правна рамка за поштенскиот сектор во Европа.

Јануарски Е-билтен на Агенцијата за пошти

01.02.2024
Задоволство ни е да Ви го претставиме првиот електронски билтен на Агенцијата за пошти за 2024 година. Преку овој начин на комуникација, целиме кон навремено информирање за новините и трендовите кои се актуелни во домашниот и меѓународниот поштенски сектор. Во овој број издвојуваме податоци од брошурата „Употреба на ИТ технологија во македонскиот поштенски сектор” во која на лесен и разбирлив начин се презентираат и анализираните  податоците кои што се однесуваат на употребата на ИТ-технологија од страна на македонските даватели на поштенски услуги.

Избран нов директор на Агенцијата за пошти

16.01.2024
Сретен Миладиноски, доктор на економски науки е избран за директор на Агенцијата за пошти, на јавниот оглас кој во месец декември 2023 година го спроведе  Комисијата на Агенцијата за пошти.