ИНФОРМАТИВЕН КАРАВАН НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОШТИ „АП ПОБЛИСКУ ДО КОРИСНИЦИТЕ НА ПОШТЕНСКИТЕ УСЛУГИ“
Стремејќи се да ја доближи работата на давателите на поштенските услуги пред пошироката јавност, како и да ја подигне јавната свест за начинот на користење на правата на корисниците на поштенските услуги, Агенцијата за пошти во соработка со Канцеларијата на Народниот Правобранител, на 28-ми и 29-ти март 2024 година, ќе го спроведе својот прв информативен караван „АП ПОБЛИСКУ ДО КОРИСНИЦИТЕ НА ПОШТЕНСКИТЕ УСЛУГИ“.