Комисија на Агенцијата за пошти

Комисијата како орган на Агенцијата се состои од 5 (пет) члена кои ги именува и разрешува Собранието на Република Северна Македонија на предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Северна Македонија.

Комисијата од редот на своите членови избира и разрешува претседател и заменик на претседателот на Комисијата на начин и по постапка утврени во Деловникот за работа на Комисијата.

Членовите на Комисијата се именуваат со мандат од 5  (пет) години. Членовите на Комисијата не можат да бидат именувани повеќе од 2 (два) последователни мандати.

Комисијата е надлежна да :

  • Донесува стапут по претходна добиена согласност од Собранието на Република Северна Македонија,
  • Донесува подзаконски и други акти за спроведување на Законот за поштенски услуги,
  • Донесува општи акти за работењето на Агенцијата, утврдени во Статутот на Агенцијата, а по предлог на директорот на Агенцијата,
  • Донесува Деловник за својата работа во согласност со Законот за поштенски услуги и Статутот на Агенцијата,
  • Донесува одлука за вредноста на поенот,
  • Донесува акт за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на основната плата на вработените во Агенцијата, кој е составен дел на финансискиот план на Агенцијата,
  • Го одобрува Годишниот Извештај за работа за претходната година на Агенцијата и годишната сметка,
  • Ја усвојува Годишната програма за работа за наредната година на Агенцијата,
  • Го именува и разрешува директорот на Агенцијата во согласност со Законот за поштенски услуги и по постапка утврдена во Статутот на Агенцијата,
  • Го следи спроведувањето на Годишната програма за работа на Агенцијата преку квартални извештаи доставени од директорот,
  • Соработува со други државни органи и институции, органи на единиците на локалната самоуправа и со невладини организации и здруженија на граѓани,

Дава мислења, препораки и предлози до Собранието на Република Северна Македонија и други државни органи и институции од областа на поштенскиот сообраќај, и 

  • Врши и други работи утврдени со овој закон и Статутот на Агенцијата

Членови на Комисијата:

  • Борче Груевски, Претседател
  • Суад Бајрами, Заменик претседател
  • Владимир Кироски - Член
  • Андреј Јосифовски  - Член
  • Ѓорги Михаилов – Член