Европската недела на мобилност – 2025
Вработените на Агенцијата за пошти и оваа година ја поддржаа „Европската недела на мобилност” која на иницијатива на Европската комисија се спроведува секоја година, во периодот од 16 до 22 септември.
Оваа година, темата е Mobility for everyone!- Мобилност за сите! чија цел е да ја нагласи потребата од обезбедување пристап до одржлив транспорт за сите граѓани, без оглед на нивниот приход, локација, пол или способности.