Корисници
Грижа и заштита на правата на корисниците во поштенски услуги
Лиценци
Издавање, контрола и ажурирање на сите лиценци за поштенски услуги
Информации
Побарајте информации од јавен карактер за поштенските услуги и субјекти
НОВИ ЦЕНИ ЗА УНИВЕРЗАЛНАТА УСЛУГА ОД 01.05. 2026
Агенцијата за пошти со Решение бр.02-124/9 од 21.04.2026 година го уважи барањето од АД за поштенски сообраќај Пошта на Северна Македонија -во државна сопственост Скопје, за зголемување на цените на поштенските услуги од опфатот на универзалната услуга од внатрешниот и од меѓународниот поштенски сообраќај.
Цената на основната услуга за писмо-стандардизирано, во прва тежинска стапка - до 50 грама, на АД Пошта Скопје , сега изнесува 43,00 денари.
Новите цени на поштенските услуги на АД Пошта , започнуваат со примена од 01.05.2026 година.

Регионален дијалог: Предизвици и иновации на пазарот за поштенски услуги и достава
На 21 и 22 април, во Сараево се одржа конференција „Регионален дијалог: Предизвици и иновации на пазарот за поштенски услуги и достава“, на која учествуваа претставници од Агенцијата за пошти, претставници на институции, регулаторни тела, на јавни и приватни оператори и претставници од деловната заедница од земјите од регионот.
Настанот беше организиран од Поштенската агенција на Босна и Херцеговина и The Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) преку проектот EU4Trade, со цел зајакнување на регионалната соработка и хармонизација на пазарот со правилата на Европската Унија.
Избор за најдобрите во македонската е-трговија за 2025 E-commerce Awards 2025.
На 11 март во Park by Ragusa во Скопје, во организација Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија (АЕТСМ) се одржа гала манифестација за E-commerce Awards 2025.
E-commerce Awards е национален избор за најдобрите во македонската е-трговија, организиран од АЕТСМ со цел да се препознаат и наградат најдобрите е-трговци, да се промовира е-трговијата и да се поттикне нејзино унапредување и конкурентностa.