Анализа на пазарот на поштенски услуги во Република Северна Македонија за второ полугодие на 2023 година

Анализата на пазарот на поштенските услуги за второто полугодие на 2023 година покажува како се развива поштенскиот сектор во Република Севрна Македонија, преку обработка на податоци за обемот и видот на пратките, подрачјето на кое се обезбедуваат поштенските услуги, бројот на вработени лица кај давателите на поштенски услуги, финансиските средства остварени од услугите, бројот на рекламации за дадениот период, капацитетот на јавната поштенска мрежа и др.

Во Анализата е направена споредба на второто полугодие на 2023 година со второто полугодие на 2022 година и преку компаративни показатели се прикажува слика за вкупниот развој на поштенскиот сектор за наведениот период.

Податоците содржани во извештаите за обезбедување на поштенски услуги, кои давателите на поштенските услуги ги доставуваат два пати годишно, Агенцијата за пошти ги користи за изготвување на анализи за состојбата на пазарот на поштенски услуги  со цел креирање на политики и мерки во насока на одржување на реален систем на регулација.

Анализата е достапна на веб страницата во делот Анализа: Статистички извештаи